Австралијката која роди петорка во јануари објави фото-сесија со своите шармантни наследници.
На 26-годишната Перта Ким Туси и требале само две минути да роди четири ќерки и еден син кои се зачнати по природен пат.
Тим од 50 доктори и сестри помагал на планираниот царски рез, а сите бебиња се родени здрави. Шансите да се зачнат петорки по природен пат се еден наспроти 55 милиони.
Туси стекна голема слава преку својата страница на Фејсбук „Изненадена со петорка“, на која ги објавувала деталите од својата бременост.
Локалното фотографско студио „Ерин Елизабет фотографи“, кое помогнало во документирањето на бременоста на Туси, организирала фотосесија со петорката.
– Педесет прсти на рацете, 50 на нозете, шест срца кои чукаат одеднаш. Моето тело ја водеше најтешката битка со цел безбедно да ги роди овие бебиња. Се што направив, направив за нив – напишала оваа горда мајка под фотографиите кои ги објавила на социјалната мрежа.
Во неодамнешно интервју за една австралиска тв-програма таа открила дека чувстувала како „телото и се гаси “ во текот на бременоста. Додала дека докторите и понудиле избор да спаси две бебиња жртвувајќи ги останатите, поради сериозниот здравствен ризик по неа и по нејзините неродени деца.
– Никој не веруваше дека можам да ги родам сите, но јас го направив тоа и им докажав на сите околу мене – изјавила Перта во интервјуто.
Таа и нејзиниот сопруг Вон веќе имаат деветгодишен син, и ќерки на возраст од 2 и 4 години. Тие се обидуваат да соберат пари за да купат комбе кое би било доволно да се смести целото семејство, пренесува „Би-би-си“.