Една од жртвите на бруталниот терористички напад во геј – клубот во Орладно со својот телефон го снимила почетокот на нападот, само неколку минути пред и самата да биде убиена. Аманда Алвенар, која во тие моменти се наоѓала во клубот, разменувала пораки со еден од своите пријатели цела вечер, а тој видеото кое таа му го пратила потоа го постирал на Фејсбук.
Снимката го фатила почетокот на масакрот во кој животот го изгубија околу 50 хомосексуалци, а исто толку беа повредени. Во продолжение на видеото се моменти кои ги снимиле очевидците пред клубот на кои се гледаат полициски сирени.
Убиецот, кој според изјавите на власитите сам ја викнал полицијата, наводно пред да започне со нападот се заколнал на верност кон Исламска Држава која потоа презема одговорност за овој масакар.