Бебе и двегодишно момче биле пронајдени мртви во Перт откако нивната мајка Миранда Хебл (22) ги оставила во када во купатило, и потоа заспала. Мајката кога се разбудила, ги пронашла безживотните тела на децата.
Миранда поради замор ги заборавила своите деца, по што синовите Лохлан и Малихи ги пронашла мртви во зачаденото купатило.
Десетмесечниот Малахи се удавил во кадата додека неговиот брат целиот во крв бил пронајден на подот.
Миранда за децата се грижела сама, бидејќи, таткото Кристофер бил зафатен со хонорарни работи, јавуваат австралиските медиуми.
Како што неофицијално дознаваат медиумите, мајката излегла од купатилото за да земе нешто но потоа заспала.