Гинекологија набави лек за одложување на предвременото породување


Клиниката за гинекологија и акушерство набавила лек со кој ќе се одложи предвременото породување за одреден период, за да има време да му се даде лек на бебето за зреење на белите дробови, а со тоа и да му се зголемат шансите за преживување. Ова е една од мерките што Клиниката ги презема за да ја намали смртноста кај новороденчињата, која и во првиот квартал од годината беше висока, односно за првите три месеци од годината починаа 35 бебиња.

„Досега овој лек кај нас на Клиника го немаше и не се набавуваше. Станува збор за лекот атосибан, или антиокситацински препарат со кој директно се делува на тоа да се одложат контракциите и да се одложи предвременото породување, за да имаме време на бебето да му дадеме лек за зреење на белите дробови. За да делува овој лек кај бебето треба да поминат од 24 до 48 часа. Со тоа шансите да преживее се поголеми. Лекот за одложување на породувањето, кај нас не е регистриран иако не е нов лек. Пробно ни беше дадена донација од лекот, а сега и го набавивме“, вели д-р Јовановска, пренесе Сакамдакажам.

Според статистиката од раѓањата на Клиниката за гинекологија 10 од 35 бебиња, кои починале во првите три месеци од годината се родени во периодот меѓу 22 и 25 гестациска недела од бременоста, а 80 отсто се родени под 28 гестациска недела од бременоста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1