Гинеколозите наплаќаат незаконски, државата немоќна – најмногу смеат да ви наплатат 150 ден


Здравствените власти се’ уште не можат да го решат проблемот со прегледите кои се наплаќаат по 500 до 1.000 денари, наместо 150

ginekДржавата е немоќна пред незаконското наплаќање прегледи кај матичните гинеколози исто како да сте на приватен. Пациентките се жалат дека еден гинеколошки преглед, во зависност од тоа што содржи, гинеколозите го наплаќаат од 500 денари, па се’ до најскапиот пакет кој чини 1.200 денари. А, според законската регулатива, за гинеколошки прегледи кај матичниот лекар пациентките треба да платат само партиципација, која изнесува максимум 150 денари.

За да се казнат мора писмено да се пријави, велат од фондот. Но, гинеколозите и да бидат пријавени за злоупотреба може да се извлечат без казна. Лани тројца угледни матични гинеколози од централното градско подрачје беа пријавени од една невладина организација дека на пациентки им наплаќале по 500 до 1.000 денари за преглед. Но, пријавените лекари, како што дознаваме, се жалеле до второстепена комисија и така се развлекле случаите, кои се’ уште не се решени. До сега ФЗО нема казнето ниту еден гинеколог за вакво прекршување.

Повеќе на – Утрински весник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1