Обилните дождови и поплавите кои изминатите денови го зафатија главниот глад, најверојатно предизвикаа и зголемување на бројот на комарци на територијата на скопското подрачје. Жителите на повеќето скопски општини, особено оние што беа најмногу погодени од дождовите се жалат дека деновиве, после обилните дождови, имаат многу повеќе комарци, пренесува Вечер.
Надлежните од Град Скопје велат дека засега нема потреба од планирање на дополнителни дезинсекции, второто прскање е во подготовка и треба да се реализира во првата половина на наредниот месец. Првото прскање беше спроведено пред неколку дена, а веќе е во подготовка второто прскање, кое треба да се реализира во првата половина на наредниот месец. Значи, дека во периодот од мај до септември имаме пет прскања и засега нема потреба од планирање на дополнителни дезинсекции, велат од Град Скопје.
Според Светската здравствена организација климатските промени доведоа до појава на болести за кои се сметаше дека се искоренети во овој регион. Директорот за здравје и благосостојба на СЗО, смета дека климатските промени го зафатија не само делот на Медитеранот, туку и просторите посеверно резултираа со појава на одредени заразни болести.