Сања Милошевиќ со децата во чамецот во кој тие биле евакуирани виделе како едно од двете деца испаѓа од прегратките на неговата мајка. Сцената од поплавите кои го зафатија Обреновац, кои голтаа животи, никогаш нема да може да ја заборави.
Анџела Милошевиќ има само девет години, но судбината сакала во најбезгрижниот период од животот да сочува слики на тага и болка што ги видела во родниот Обреновац. Таа со својата мајка Сања Милошевиќ и 5-годишниот брат Василиј гледале како еден живот исчезнува.
-Додека не евакуираа со чамци гледав како една мајка пред моите очи го изгуби бебето, толку многу плачеше, ја осетив целата нејзина болка, раскажува мајката Сања.
-Бевме во чамецот, насекаде околу нас беше вода, не водеа накај излезот од Обреновац, во еден момент видов мајка која држи две бебиња. Едно во едната страна, а друго во друга, и нејзиниот сопруг беше со неа. Викаа, повикуваа да им помогнат. Спасувачите се приближиле до нејзиниот чамец и веднаш почнаа да ги земаат бебињата, кои беа многу мали, едното беше девојче, а другото момче. Го зедоа момчето, но девојчето некако падна во водата. Мајката почна да плаче, спасувачите се обидуваа некако да го дофатат, но не успеаја. Едното бебе го однесе водата … Мајката остана во чамецот, викаше од болка, раскажува Сања.
Семејството Милошевиќ после евакуацијата се сместени во хотелот „Славија“. Сања објаснува дека живееле во Обреновац во зграда наспроти пожарникарскиот дом и биле принудени да ги повикаат спасувачите.