Глоба до 500 евра: Казни за родителите чии деца пукаат петарди!


Петарди се палат по улици, под балкони, во станбените влезови за да одекнат колку што може повеќе. Многумина за ова ги обвинуваат родителите бидејќи тие им ги купуваат овие опасни играчки на децата или им даваат пари за нив, не мислејќи на последиците.petarde-opasnost-830x553

Овие пиротехнички материјали, иако се во илегална продажба доаѓаат до рацете на децата, а најчесто се играчки на тинејџерите.

-Неодамна татко заврши со ампутиран палец и показалец, при обид да ја оддалечи петардата од своето дете, а сме имале и случај кога дете имаше повреди на очите, па мораше да се лекува на некоја од очните клиники. Ваков вид повреди обично се случуваат пред новогодишните празници“, велат од од одделот за пластична и реконструктивна хирургија во општата градска болница „Климент Охридски“.

Лекарите велат дека лекувањата од ваквиот тип на повреди траат долго, по што е потребна и физикална терапија, а пациентите кои претрпеле загуба на прсти им треба и рехабилитација и социјализација. Но, она што го акцентираат е дека бројот на повреди од ваков тип е намален, иако, секако најдобра превентива е петардите да не се користат.

Со цел да се обезбеди безбедност и да се одржи јавниот ред и мир во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе ја реализира кампањата “Среќна и безбедна 2017 година – во семејно и пријателско дружење“.

ВНИМАНИЕ: Купувањето и активирањето на петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради, претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1