Глумицата Хедер Локлир доживеа собраќајка


Познатата глумица од американските ТВ сапуници и ситкоми, Хедер Локлир е хоспитализирана вчера откако имала сообраќајна несреќа.

Актерката се здобила со полесни повреди, кога со своето Порше завршила во ендек во близина на сопствениот дом во Таузенд Оукс во Калифорнија.

По лекарските анализи, кај неа не се најдени траги од дрога и алкохол во крвта, стои во полициските извештаи.

Инаку, Локлир која во 80-те и 90-те од минатиот век се прослави со ТВ сериите „Династија” и „Мелроуз плејс”, неколкупати во минатото беше приведувана поради злоупотреба на психотропни супстанции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1