Монсанто најде дупка во Законот за патенти на Европската унија кој на оваа корпорација и овозможува патенти над природните култури како што се брокулата и боранија. Во следните неколку недели, Монсанто ќе добие уште десетина патенти на конвенционалните природни производи во ЕУ. Тие вклучуваат семе за брокула, кромид, зелена салата, краставици, итн. Крешимир Мишак предупредува дека ГМО не отиде никаде, а законите за забрана се општа глупост и претстава за јавноста.
Најозогласената корпорација во светот Монсанто најави дека ќе престане со воведувањето на ГМО култури во Европа поради распространетото противење на јавноста и спротивставување на контроверзната и непроверена Монсанто технологија. Но, тие нема во целост да се откажат од ЕУ. Имено, злогласениот гигант сите напори ги вложува, и покрај забраната, да го контролира европското земјоделство на овој или на оној начин. Монсанто се одважи на заземање и патентирање на конвенционалните семиња, така што и покрај забраната за садење, во своите раце има 90, ако не и 100 отсто од европските семиња.
Извршниот директор на Монсанто и претставник на корпорацијата за Европа, Жозе Мануел Мадеро, неодамна изјави дека неговата компанија ќе ги повлече сите постоечки барања за одобрување на ГМО во Европа во следните неколку месеци. Тоа вклучува пет барања кои очекуваат одобрение за садење пченка, ГМО соја и ГМО ГМО шеќерна репа. Во времето на пишување на теков актуелна е само една ГМО култури, монсантовата MON810 пченка, која во моментов е одобрена за одгледување во цела Европа.
Без оглед на постојаните одново поставени барања од Монсанто кои во ЕУ се на сила веќе неколку години, секогаш го добивале истиот резултат: целосен неуспех. Европските граѓани во неколку наврати изразија јасно и гласно дека не сакаат да јадат ГМО. Занчи ГМО треба да се тргне од ЕУ во согласност со мислењето на јавноста, со исклучок на ГМО храната за животни. ГМО како храна за животни продолжува да се користи во ЕУ. Во моментов во Европа се увезува повеќе од 30 милиони тони годишно храна за животни од САД и од Јужна Америка. Не заборавајте дека овие животни ги јадат луѓето, така што ГМО не отиде никаде, туку се имплементира на друг начин.
Кога портпаролот на Монсанто, Брендон Митчнер го прашаа новинарите како го коментира неуспехот на Монсанто во ЕУ, рече изјави „нема крај во нашите очи”.
Крешимир Мишак, новинар, писател и познавач на вистината за ГМО рече дека забраната за која толку многу се зборува е општа глупост.
-Всушност, сега постојат две Европи. Европа како земја на луѓе и Европската унија. Оваа Европа на граѓаните се изјасни дека не сака ГМО, додека втората Европа зборува глупости за забрана а од друга страна им угодува на ГМО корпорациите- вели Мишак.
Дека Мишак е апсолутно во право ни потврдуваат и постапките на Европскиот патентен сојуз кој во моментов на ГМО корпорациите им дава патенти за конвенционалните природни семиња на Европската унија. Мишак додаде дека нивната забрана, всушност е во корист на Монсанто и други корпорации, бидејќи, како вели тој сега другите ќе садат за нив. Тоа и така повеќе им одговара.
Ако не можеме да ги присилиме Европејците да прифатат ГМО ќе им ги преземеме нивните конвенционални култури.
Монснато најде начин кеко да го држи европското земјоделство во своите отровни канџи. Монсанто ја најде дупката во Законот за патенти на Европската унија кој на овој гигант му овозможува патенти над природните култури како што се брокулата и боранија.
Во следните неколку недели, Монсанто ќе добие уште десетина патенти за конвенционалните природни производи во ЕУ. Тие вклучуваат семето на брокула, кромид, дињи, зелена салата, краставици и друго. За ова извести коалицијата за природна храна, наречена „Стоп за патентирање на семиња”, која предупреди дека Монсанто и Сингента, втората најголема ГМО корпорација сега веќе поседуваат 50 проценти од сортите на домати, пиперки и карфиол регистрирани во ЕУ.
Со други зборови, бидејќи не можеа да ја спроведат крајната цел во Европа едноставно го земаа сето природно богатства на овој свет и постепено го прогласуваат за свое. ЕПО ( Европскиот сојуз за патентни) објасни дека доделувањето на патенти ја олеснува набавката и снабдувањето со храна во ЕУ. Давање на природните семиња во рацете на Монсанто, е ужасна грешка, бидејќи во целост ќе завладее со земјоделството во ЕУ. Што ќе прави понатаму со семето може само да претпоставуваме, бидејќи кога ќе имате патент ваша работа е што ќе направите со него.
Крешимир Мишак заклучи дека луѓето служат и дека без оглед на какви било закони тие ќе им служат на гигантот за генетски инженеринг, бидејќи од ГМО не може да се избега.
Значи, ГМО никаде не замина, сето тоа е шоу за јавноста, вели Мишак, додавајќи дека ова патентирање на семиња е само потврда на она што Вилијам Енгдал го напиша многу порано во својата книга, „Семе на уништување”, каде авторот пишува дека ќе дојде денот кога компании како Монсанто во свои раце ќе го држат целото семе во светот и против тоа не може ништо да се направи. Мишак порачува да се зачуваат автохтоните семиња, да се размножуваат и споделат со пријателите. Иако се чека на забрана за чување на старите природни семиња од страна на оние кои мислат дека се господари на се’ што е природно, Мишак вели дека таквата забрана дефинитивно треба да се игнорира.