Го држите лаптопот во скут? – прочитајте пред да добиете лузни (Фото)


laptop2

Синдромот на изгорената кожа се манифестира со добивање на кафеавка или сива кожа.

Истражувачите од Универзитетската болница во Базел Швајцарија, кој ја документирале ваквата состојба на 12 годишно момче, во извештајот, објавен во медицинското списание „Педијатрија“, наведуваат дека промената на бојата може да трае со месеци, или години и дека истата најбрзо исчезнува кај децата, а потешко кај возрасните.

Обично истражувачите велат дека не постојат дополнителни симптоми, но, дека повеќето страдаат од пецкање или чешање.

lap top1

Ваквата состојба е наречена „erythema ab igne“, според доктор Џефри Бенабио. Синдромот на изгорената кожа е добивање на црвенкаст или кафеав осип, кој се развива како резултат на продолжената изложеност на топлина, без притоа да биде вистински подложен на жештина.

Човекот не чуствува дека нешто го гори додека го држи лап топот во скут, а сепак добива изгореници.

Црвенилото се развива во одредена шема, наречена „reticulate“ или „net like“. Забавувањето на протокот на крвта во погодената област, наречена хемостаза е најверојатно причината за ваквата состојба.
Швајцарскиот тим на лекари, исто така вели дека состојбата може да отиде до толку далеку, што можно е и целосно затемнување на кожата во тој дел од телото.

mottled-skin-syndrome_370x278

Во ретки случаи, тоа би можело да доведе и до рак на кожата.

Лекарите велат дека состојбата може да биде далеку полоша кај децата отколку кај возрасните.

„Нашиот пациент релативно кратко време го користел неговиот лаптоп во скутот, што укажува на тоа дека детската кожа е далеку почуствителна на топлина“, велат истражувачите.

„Моите нозе му станаа розеви и постојано ме пецкаа и чешаа, по само неколку минути држење на компјутерот во скут“, вели 12 годишното момче Рон Бургундија.

computer_fire_397x224

„Мило ми е што го заменив мојот лаптоп со iPad за време на моите тоалетни сесии“, вели тој на шега.

Секој лаптоп корисник знае дека компјутерите можат да се вжештат.

Швајцарските истражувачи истакнаа дека лаптовите можат да го достигнат тој степен на топлина што слојот на облека нема да биде доволен за да го спречи изгорениот кожен синдром, значи можете да добиете вакви изгореници и грди лузни дури и преку панталоните.

Но сепак постојат заштитни мерки за да се избегне доаѓањето до изгореници.

Доктор Андреас В. Арнолд главниот автор на Швајцарскиот извештај, вели за Си-Ен-Ен дека едноставното додавање на перница меѓу вашиот скут и вашиот лаптоп може да заврши работа.

lap top vo skut

Сепак англиски веб сајт за технологија „The Register“ предупредува дека било каков мек предмет под лап топот може да предизвика топлина кај лаптопот и буквално да го спржи системот (и лаптопот и нозете).

Наместо тоа предлагаат поедноставен начин односно за да се избегне претворањето на бутовите во свинско печено, да се користи кулер. „Xpad Slim“ и „Lapwork’s laptop Desk“ сериите се добри примери.

Ако не им пречи шумот од вентилаторот, USB придвижуваните ладилници како „Antec Notebook Cooler 200“, би можеле да бидат добар избор за корисниците кои екстремно го користат лап топот, како што се хардкор гејмерите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1