Го изрешетале на влезот од канцеларијата – политичарот Оливер убиен со три куршуми


Лидерот на „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ е застрелан утринава во Косовска Митровица.

Како што јавуваат српските медиуми, на Ивановиќ било пукано додека влегувал во просториите на својата партија утринава околу 8:15 часот.

Според неофицијални информации, Ивановиќ по нападот бил итно пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Полицијата пред партиското седиште пронашла три чаури. Неофицијално кон Ивановиќ пукал непознат маж од пиштол.

Ивановиќ бил оженет и татко на три сина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1