Го кремирале дедото, а потоа еден ден им затропал на врата


Семејство од Мексико имало несекојдневно искуство, кога нивниот дедо го пронашла полицијата, неколку месеци по неговата кремација. Се испоставило дека 74- годишниот Мигел Анхел Гомар де Луна избегал од старечки дом и отишол на еден пијалак, спиел надвор и молел за уште пари, за да може да си купи уште алкохол. По неколку месеци потрага во студениот зимски период, полицијата пронашла тело кое одговарало на описот на Де Луна.dedo

Неговата ќерка ги видела фотографиите од лешот, но тој бил во лоша состојба, па тешко можела да го препознае својот татко. Сепак, под притисок на полицијата, таа потпишала документи со кои е потврдена смртта на таткото. Неколку дена подоцна е извршен погребот, телото е кремирано и вратено на смејството.

Меѓутоа, неколку месеци подоцна, семејството добило уште еден повик. Им било јавено дека Мигел е пронајден жив. Дома бил донесен во преврски, поради повредите на главата што ги здобил во текот на „отсуството“.
Не е познато чија кремација била извршена!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1