Американката Шантал Бенкс чува над 15 глувци миленичиња. Нејзиниот сопруг бил строго против и и дал да бира – тој или глувците да си заминат од дома. Шантал одбрала да живее со глувците, мажот си заминал.
– Моите глувци не ме осудуваат. Тие ме сакаат таква каква што сум. Кога плачам, тие ми ги лижат солзите – рекла Шантал додавајќи дека нејзиниот син нема проблем со миленичињата и дури ги нарекува браќа и сестри.