Го победила ракот и мислела дека не може да има деца, но…


Реакцијата на маж, кој дознава дека сестра му е бремена, ќе ве разнежни. Имено, на неговата 36-годишна сестра ѝ велеле дека не може да има деца како последица на хемотерапиите кои ги примала додека се борела со ракот на дојка на само 27 години.

Видеото беше објавено од Love What Matters, заедно со животната приказна на мајката. Во него, таа им подарува на својот брат и на неговата сопруга вино и им вели дека не може да пие алкохол во следните 9 месеци.brat-sestra-trudna-640x354

Потоа, става пред нив по еден од позитивните тестови за бременост кои ги направила.

„Во 2005 година, на 27-годишна возраст ми беше дијагностициран рак на дојка. Пред лекувањето, ми кажаа дека тоа може да влијае на плодноста. По години поминати во обиди за зачнување по природен пат и многу солзи, душевни болки и тага, ни соопштија дека јас сум на прагот на менопауза и дека нема да можам да имам деца. Скршени, вознемирени и целосно изгубени се преселивме блиску до моето семејство. Отидовме и на првиот информативен состанок за посвојување.

На 36 години, месец и пол по преселувањето, ми се слоши. Убедена дека тоа е од тајландската храна, десетина дена се обидував да се опоравам пред да почувствувам дека треба да купам уште еден тест за бременост. Кога излезе позитивен, не можевме да поверуваме, па купивме уште два, направивме тест преку крв и ултразвук. Да, бев бремена!!! Бебе чудо.

Со нетрпение чекав да му кажам на моето семејство, особено на мојот брат, кој никогаш не поверува дека не можеме да имаме деца. Со брат ми сме како најдобри пријатели. Ја снимивме неговата реакција. Син ми сега има 14 месеци и јас сè уште не можам да го гледам видеото без да се расплачам. Тоа ја покажува вистинската љубов на нашите семејства.

Моето момче е мојот свет. Благословени сме со ова чудо кое никогаш не мислевме дека ќе се случи. Нашите срца се исполнети“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1