На босански огласник големо внимание привлече продажба на Мерцедес, па истиот оглас го прегледале речиси 30.000 луѓе. Колку Мерцедесот бил примамлив најдобро покажува еден корисник кој за автомобилот го понудил својот бубрег.
Сепак, до замена нема да дојде, бидејќи му стигнал генијален одговор. Имено, продавачот тврди дека подобро би било да му го подари Мерцедесот, бидејќи „ваков лим не е вреден за бубрег“.
-Немој брате ако е навистина така и ако баш овој автомобил на некој начин би те задоволил, ќе ти го подарам. Не е вреден овој лим, му одговорил продавачот на прашањето дали може да го замени за бубрег.