Го пробаа хамбургерот од матични клетки – Личи на месо, но…


SCIENCE-MEAT/IN-VITRO

Дегустиран првиот хамбургер производен во лабораторија, – двајцата експерти кои што го пробале во Лондон го дале и својот суд: “Неочекувано е сличен на вистинското месо, но ..”.

Станува збор за најскапиот хамбургер некогаш направен, ако се има во предвид дека истиот чини неверојатни 290.000 евра.

Месото е настанато од матични клетки на крава и за да се создаде биле потребни три месеци работа, а волонтерите кои што го дегустирале по пржењето рекле дека има текстура како вистинско место, но дека вкусот му е прилично благ.

hamburg vestac 4Експертот за храна Хана Рутцлер изјавила дека очекувала малку повеќе сочност и помеко месо, а Џош Шонвалд, автор на книгата “The Taste of Tomorrow”, додал дека клучот е во маснотијата, односно дека маснотијата и зачините се елементите кои што најмногу му недостасуваат на ова парче вештачко месо.

Научниците потврдиле дека можно е ова месо да се најде во продажба веќе во следните 10 години и дека неговото производство би го редуцирала користењето на храна, вода и гориво.

Сепак, пред воопшто да се продолжи со работата за одгледување на месо во лабораторија, Агенцијата за безбедност на храната мора да го издаде своето одобрение и да потврди дека храната е безбедна за консумирање и нутриционистички одговара на вистинското месо.

vestac hambur 3vestacki hamburger

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1