Полицијата поднесе кривична пријава против В.Р. (32) од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Пријавената, денеска, со кујнски нож на сопругот Ј.Р. (26) му нанела тешки телесни повреди во пределот на градниот кош, по што бил итно е пренесен во Општата болница во Охрид, каде е задржан на понатамошно лекување.
По жестока вербална расправија, во кујната од семејната куќа, дошло до меѓусебна турканица при што В.Р. посегнала по ножот и на својот сопруг му задала еден убод во пределот на градниот кош. Во турканицата и самата се здобила со лесни телесни повреди.
СВР-Охрид изврши увид на самото место, при што одземени се два кујнски ножа како и делови од облеката на двајцата сопружници. Врз одземените предмети ќе биде извршено криминалистичко-техничко вештачење.