Го продал, па го украл автомобилот: Правдата го стигна Даниел Поповиќ по 28 години


Општинскиот граѓански суд во Загреб цели 28 години по тужбата на Милан Даниела Поповиќ (61), изведувачот на песната „Џули“ со која се прослави на Евровизија, го отфрли неговото барање да се утврди дека е сопственик на спортски автомобил „триумф“, бидејќи е докажано дека го продал уште во 1985 година, за подоцна да го земе и задржи.daniel-popovic-640x538

Во одбиената тужба поднесена во 1988 година Даниел Поповиќ барал дека купувачот на неговиот автомобил е „должен да признае и да се откаже од секое понатамошно сметање на сопственост и имот“ над „триумфот“ од 1973 година. Поповиќ тврдел дека купувачот „измислува и дека во врска со тоа води против него кревични постапки“.

Од друга страна, купувачот на возилото „триумф“, се противел на тужбата во целост наведувајќи дека од Поповиќ го купил спортското возило „триумф“ во септември 1985 година плаќајќи му 3.000 германски марки, како и дека му предал студиски миксер „Тапко“ и телевизор во боја „Панасоник“. Купецот во текот на спорот предупредувал и дека Поповиќ купениот „триумф“ му го украл уште во 1986 година, заедно со сите работи во автомобилот, за што Поповиќ бил прогласен за виновен поради кражба врз основа на пресудата од 1989 година.

Но, врз основа на решението на Општинскиот суд во септември 1990 година поради застарување била отфрлена приватната тужба на купувачот со иницијали Г. З. кој постапката ја покренал по откажувањето на тогашното обвинителство. Спортскиот автомобил потоа бил депониран па вратен на Поповиќ, бидејќи на негово име гласена сообраќајната дозвола.

На рочиштето одржано во ноември оваа година, 30 години по кражбата на „триумфот“ била преслушана и снимката од телефонскиот разговор на „двајцата мажи“ во кои едниот бара написмено да се состави договорот, кој веќе порано постоел, но некаде е изгубен, а во кој било наведено дека автомобилот е продаден.

Според обазложението на пресудата, полицијата девет месеци по исчезнувањето на автомобилот го пронашла во Титоград каде што Даниел Поповиќ тогаш живеел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1