Полицијата во Сакраменто моментално го истражува убиството на шеесет и двегодишниот Волтер Џонсон, кој е застрелан пред 36 години.
Имено Џонсон по застрелувањето останал парализиран, а неодамна починал од парализа. Сепак според законот, тој сега наводно се води како убиен, поради што полицијата мора да го истражи убиството.
Како што е наведено од страна на американскиот печат, Џонсон ги возел своите родители во својот дом, кога околу четири часот утрото, го застанале три непзнати лица.
По расправијата и обидот да упаднат во возилото, едниот од нив го застрелал Џонсон, по што го ограбиле. Потоа убијците побегнале во црвено или црно „форд пинто“.
Тројцата напаѓачи биле опишани како латино мажи, а полицијата се надева дека со помош на модерната технологија, ќе бидат во можност да ги идентификуваат и покрај фактот дека поминал долг период.
Полицијата понудила 1000 долари награда за каква било информација која ќе доведе до апсење на убиецот.