Го сакав Кастро ама ме пратија да го убијам – исповед на љубовницата


Марита Лоренц, го запознала Фидел Кастро во 1959 година. Набрзо се заљубила во него, за само по една година, ЦИА да ја регрутира да го убие. Кубанскиот водач ја фатил во тој обид, а потоа извадил пиштол и и го ставил во раката- „Дали дојде да ме убиеш?“ се сеќава Марита

220201410834_ljubovnica na kastro„Еден беше повисок од останатите. Се прашував кој е тој. Се насмевна и одговори: Јас сум Киба. Заповедникот Фидел Кастро“, се присетува 74 годишната Марита Лоренц. Тоа бил првиот пат кога го видела кубанскиот лидер, а набрзо по тоа живеела во Хавана како негова љубовница.Но, нејзината близина со Кастро не поминала незабележително, посебно не од страна на ЦИА, која ја регрутирала во 1960 година, за да го убие кубанскиот револуционер користејќи отровни пилули.

Како Марта, од љубовница завршила како атентаторка на Кастро?

Приказната започнува на 28 февруари 1959 година, кога бродот на нејзиниот татко, каде работела, застанал во пристаништето во Хавана. Кога бродот пристигнал, голем број униформирани лица стоеле на пристаништето, а меѓу нив бил и Кастро.

-Имаше 33 години, имаше светли очи. Тоа беше тоа. Се заљубив- се присетува Лоренц.

По нејзиното враќање во Њујорк, Кастро започнал да ја бара да се врати на Куба. Го послушала и за неколку дена се вратила на островот, каде била сместена во пентхаусот „Хавана Хилтон“ на 74-тиот кат.

20022014130814_ljubovnica na kastro1Два месеци подоцна, открила дека е бремена. Била воодушевена, но на нејзината среќа и дошол крајот. Еден ден кога дошла во поодмината бременост, и се слошило и се онесвестила, а кога дошла на себе, дознала дека го загубила детето.

Толку и станало лошо, што се вратила во Њујорк на лекување. Кога дошла во САД, ја посетиле агентите на ЦИА, кои и рекле дека Кастро е одговорен за губењето на детето.

-Не можев да верувам. Сепак се потрудија добро да ми го исперат мозокот и да ме убедат дека Кастро е виновен. Срцето ми беше скршено во толкава мера, што бев подготвена да поверувам дека тој не само што е закана за Америка, туку и за целиот свет- вели таа.

Ми рекоа: „Сакаме да го елиминираш“, додава таа.

Се согласила на тоа во јануари 1960 година, кога отпатувала во Мајами да се сретне со Френк Стурџис, двоен агент на ЦИА, кој и дал шишенце со отровни пилули. Нејзината задача била проста- да стави една во пиењето на Кастро и да побегне.

kastro namignuvaКога се вратила во пентхаусот на Кастро, се обидела да му стави пилула во чашата, но кубанскиот лидер ја фатил.Го зел пиштолот, а таа се исплашила дека ќе ја убие, но наместо тоа, го ставил пиштолот во нејзината рака.

-Дојде да ме убиеш?, ја прашал Кастро, по што запалил цигара.

-Намерно се изложи , затоа што знаеше дека нема да имам храброст да го убијам. Се уште ме сакаше и јас него. Беше во право- вели таа.

Плашејќи се за својот живот, и дека ЦИА ќе ја убие ако остане со Кастро, таа одлучила да отпатува во Мајами, и никогаш повеќе не го видела кубанскиот лидер. Лоренц вели дека подоцна имала афера и со перуанскиот диктатор Маркос Хуменез, со кој добила ќерка. Но и покрај тоа, нејзините чувства кон Кастро останале непроменети до ден денес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1