Го соблекле гол, шибале со ремен и го претепале поради долг од 20 долари (Видео)


Снимката на која може да се забележи дека поради долг од 20 долари е тепано 21 годишното момче, кое е натерано да се соблече голо за да биде искамшикувано, го привлече внимание на официјалните лица во Њујорк.

314083_bicevanje-01_ff„Соблекувај се целиот, побразај“, викал еден од насилниците кои минатиот август ја снимал целата сцена со телефон, а потоа почнал да го мава со каиш, додека неколкумина луѓе стоеле на страна и набљудувале.
Неколку моменти пред нападот, жртвата морала да го извади каишот од панталоните и да го даде на напаѓачите, кои потоа почнале да го маваат со него, а претходно го попрскале со спреј со проѕирна течност.
„Твојот татко ни должи пари. Соблеквај се, фармерките се“, му наредил напаѓачот. На снимката потоа се гледа како момчето, добил 49 удари со каиш додека останатите најверојатно членови на банда, се смееле.
Таткото на момчето, очигледно должел на напаѓачите 20 долари, што може да се заклучи од полицискиот извештај и од самата видео снимка.

Трите лица се обвинети за тежок напад, намера, поседување оружје и грабеж откако наводно му украле 20 долари од жртвата. Еден од очевидците, жена на околу 25 годишна возраст, е уапсена поради дрога, и тоа поради поседување на 20 пакетчиња хероин.

314084_bicevanje-02_ff
Градоначалникот на Њујорк, Кори Букер, го нарече инцидентот „шокантно вознемирувачки“, и рече дека претставува вистински „удар на совеста на нашата заедница“.
Потоа додаде дека овој настан говори за „супкултурата на насилството на кое мора да укажеме“, додека член на градскиот совет оценил дека снимката претставува доказ за нашата дисфункционалност.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1