Ова видео кое доаѓа од Нов Зеланд стана интернет хит поради пожртвуваноста на случајни минувачи за да спасат едно детенце. Џошуа Мекојд и неговите две пријателчиња си играле на плажата Нејпир кога бран го повлекол Џошуа во морето. Еден германски турист се обидел да го спаси момчето, но не успевал сам.
Случајни минувачи виделе што се случило, направиле синџир и борејќи се со силната струја успеале да го спасат момчето.
„Мислев дека ќе умрам. Брановите ме носеа и ме превртуваа. Неколку големи брана успеаја да ме повлечат под површината и не можев да испливам“, изјавил Џошуа, а неговиот татко додал дека е воодушевен и вчудовиден од брзината на реакцијата на минувачите.
Сепак, многумина ја забележале и негативната страна на видеото. Имено, лицето заслужно за снимката што се раширила по Интернет само стоело и мирно ги снимало обидите да го спасат момчето, иако секој пар раце можел да биде пресуден.