Европската унија го казнила интернет гигантот „Гугл“ и му наредила да плати рекордни 2,4 милијарди евра, поради фаворизирање на сопствените услуги за онлајн купување.
До таа казна дошло благодарение на долготрајната борба и на тужбата на двајца обични луѓе.
Адам (51) и Шивон (49) Рад се брачен пар од Беркшир, а сега за сајтот „Вирд“ првпат проговориле за тоа како успеале да го фрлат на колена еден „Гугл.“
„Гугл“ ги саботирал
Тие во 2005 година дале откази на своите работни места, за да покренат го „„Фаундем“ (Foundem), сајт за проверка на цените, кој е осмислен така што корисниците на него ќе можат да дојдат и до тешко приступачните делови на интернетот, оние кои не се добро рангирани на „Гугл“, а ним им одговараат по географската близина и другите критериуми.
Меѓутоа, набрзо по лансирањето на сајтот, забележале дека добро котирале на сите пребарувачи, освен на „Гугл“. За секоја релевантна претрага во врска со дејноста на нивниот сајт, „Фаундем“ бил ниско котиран, освен во случајот некој да го искуца токму нивниот назив на сајтот.
Виновник бил алгоритамот на „Гугл“ кој наводно требало да ги искорени сајтовите со „спам“ содржина, но таргетирал и сајтови кои немаат многу оригинална содржина, а меѓу нив се и сајтовите со различни услуги на пребарувањето, како „Фаундем“.
Па така Адам забележал дека во секунда неговиот сајт од врвот на претрагата се стркалал на 70 и некоја позиција. За огромен број луѓе „Гугл“ е главен пребарувач. Во еден потег таа компанија сајтот „Фаундем“ ефективно го избришала од интернет.
Почнала битката
Повеќепати го контактирал „Гугл“ поради таа неправда, но ништо не постигнал со тоа. Тогаш во декември 2008 година, сајтот „Фаундем“ е именувам за најдобар британски сајат за споредување на цените.
Адам и Шивон мислеле дека тоа ќе го убеди „Гугл“ дека нивниот сајт е валиден и добар, но интернет гигантот и понатаму одбивал да им помогне.„Не бевме во можност да ви пружиме приватна поддршка“, пишувало во одговорот на „Гугл“.
– Тогаш ни стана јасно дека мора да тргнеме во војна. Во тој момент сами си рековме: „По ѓаволите со ова! „Гугл“ е насилник“. Тоа што го прават е погрешно и ние ќе победиме – рекол Адам.
Тие продолжиле да му пишуваат на „Гугл“ и конечно компанијата одлучила нивниот сајт да го стави на „белата листа“. Тогаш посетата на нивниот сајт се кренала за дури 10.000 отсто.
Конечно, на 27 јуни 2017 година Маргарент Вестагер, европска комесарка за конкуренција пресудила дека „Гугл“ ја злоупотербил својата доминација на пазарот и му наредила да плати казна од 2,4 милијарди евра, што е рекордна казна некогаш изречена на некоја компанија.
„Гугл“ насилник
Меѓутоа, тие сфатиле дека не се единствените и дека „Гугл“ ги гуши ривалите и пребарувачот им дава предност на сопствените услуги за споредување на цените, т. н. „Гугл продукт срч“ кој се јавувал на врвот на пребарувањата. Затоа одлучиле случајот да го изнесат пред Европската комисија за конкурецијата. Па така брачната двојка Раф станала првиот тужител во случајот во кој подоцна се вклучиле „Јелп“, „Трип адвајзори“, „Експедиа“ и „Дојче телеком“.
Иако чекале 11 години, брачниот пар Раф рекле дека не ја прославиле победата, но велат дека борбата била вредна.
– Ако се впуштата во таква борба, не смеете да бидете личност која премногу слави или очајува, бидејќи би согореле во битката – рекла Шивон Раф.
– Би било погрешно да се откажевме. Ја направивме вистинската работа – рекол Адам.
Сепак, „Гугл“ поднел жалба, така што ќе помине уште многу време пред случајот да се заврши.