Го тужи „Епл“: Човек тврди дека го измислил „ајфонот“ пред 24 години (ФОТО)


Првата генерација „ајфон“ е најавена во 2007 година, но Томас Рос од Флорида тврди дека го измислил 15 години пред тоа.

Тој одлучи да го тужи „Епл“, затоа што го украле неговиот изум. Рос тврди дека помеѓу 23 мај 1992 година и 10 септември 1992 година дизајнирал три цртежи на овој технички апарат. Меѓу нив се рамни правоаголни плочи со заоблени агли кои имаат сличен дизајн и функција кои никогаш не постоеле пред 1992 година.Epl-f1

Рос се обидел да го заштита патентот во ноември 1992 година, но бил одбиен во 1995 година, бидејќи не ги платил бараните такси. Сега бара десет милијарди долари и 1,5 отсто од продажбата на уредите на „Епл“.

Неговиот уред им допуштал на корисниците да читаат приказни, новели, статии од весниците, да гледаат фотографии, видеопрезентации и филмови на рамен екран кој функционира на допир. Уредот можел да се спои телефонот и модемот, па податоците можеле да се вметнат и експортираат.Epl-f2

„Ајфон“ е реализиран дури во 2007 година, но развојот на „Епл Њутн“ (Apple Newton), првиот личен дигитален асистент, почна во 1987 година и во продажба беше во 1993 година.

Таа информација ги доведува во прашање тврдењата на Рос.

Портпаролот на „Епл“ одбил да го коментира случајот.Epl-f4

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1