Германецот Лукас Баиер (27) пријателите веќе со години го задеваат поради големата сличност со рускиот претседател Владимир Путин.
Тој неодамнана шега на еден пазар купил лажна латвиска возачка дозвола на името на Владимир Путин.
Проблемот настанал кога во текот на друго патување полицијата му побарала легитимација. Во воз на линија Салцбург-Минхен на полициски службеник му ги покажал своите вистински документи, но меѓу нив се нашла и спорната возачка.
Илегалниот документ веднаш му бил одземен, а тој бил приведен. Набргу бил пуштен од притвор, но со предупредување дека ако го фатат уште еднаш, ќе мора да плати висока глоба.