Го убил момчето на поранешната жена, за неа снемал куршум


Ми го насочи пиштолот на слепочницата и рече дека ќе ме убие, се скаменив. Пукаше без да се размисли но имав среќа бидејќи немаше веќе курушуми.

Вака 35-годишната Наташа Тошиќ ја раскажала драмата која се случила во понеделник околу 20 часот пред нивниот дом во Зајечар, Србија, кога нејзиниот поранешен сопруг Драган тешко го ранил нејзното момче 28-годишниот Сенад, па се обидел да ја убие и неа.pistol sredna

Драмата сe случила кога Наташа и Сенад отишле кај Драган да ја земат ќерката која таа ја имала со него.

– Тогаш Драган ја стави нашата ќерка во автомобилот, се расправаа со Сенад и Драган од ранецот извади пиштол и ни рече дека ќе не убие. Сенад застана пред мене да ме заштити по што Драган пукаше во него. Потоа го впрепи пиштолот во мене и рече дека и мене ќе ме убие. Кога свати дека нема повеќе куршуми во пиштолот се сврте и избега, рекла Наташа.

Таа додала дека го напуштила Драган бидејќи физички ја малтретирал.

Сенад поради внатрешно крварење бил префрлен во болницата во Ниш, каде е опериран и се уште е во критична состојба. Драган бил приведен во полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1