Русинка од Башкортостан е осомничена за убиството на својот 11-годишен син, отако детето направило промени при подесувањата на компјутерот, по што жената не успеала да се поврзе на интернет.
За да го казни, мајката го удирила детето неопределен број пати со кујнска точилка, при што детето починало.
Жената монструм потоа го исекла телото на детето на делови и ги сокрила во подрумот, недалеку од нејзината куќа. Таа потоа самата се предала во полиција и го признала убиството, а на полицајците им кажала каде е телото на нејзиниот син.
Ова не е прво убиство кое го сторила оваа жена. Во 2005 година добила условна казна за убиството на нејзиниот сопруг на основа на тоа дека е емотивно нестабилна и треба да се лекува.