Тие откриле дека т.н. „добро осветлена зона“ погодила еден од праисториските океани, што се случува кога во дел од океанот близу површината, кој е осветлен од сонцето, снемува кислород, додека истовремено е затруен со водород сулфид.
Водород сулфид е нус-производ на микроорганизмите кои живеат без кислород и е многу отровен за повеќето облици на живот. Авторите на студијата стравуваат дека на нашата планета денес би можело да и` се случи слична судбина поради јаглерод диоксид кој се произведува од согорувањето на фосилните горива.
Научниот тим предводен од експерти од Универзитетот во Саутемтон анализирал фосилизирани органски молекули земени од седиментични карпи кои некогаш биле на дното на Палеопацификот, огромен океан кој го окружувал континентот Пангеа, а денес се наоѓаат на островите Шарлот, покрај брегот на Британска Колумбија (Канада).
Експертите пронашле траги од бактерии кои пателе од недостаток на кислород и труење со водород сулфид, предизвикано од огромните вулкански пукнатини на земјините тектонски плочи.
„Кога тектонските плочи се поместувале при кинењето на Пангеа, големи вулкански пукнатини исфрлале јаглерод диоксид во атмосферата, што предизвикало ефект на стаклена градина и зголемување на температурата“, објаснува професор Џесика Вајтсајд.
„Наглото зголемување на количина на јаглерод диоксид веројатно предизвикало промени во кружењето на оеканите, зголемување на нивната киселост и недостаток на кислород. Ваквите промени можат да го прекинат и да го променат ланецот на исхрана неопходен за опстанок на морските екосистеми“.
Иако земјата изгледала поинаку во добата Тријас (пред околу 245-202 милиони години), нивото на ослободување на јаглерод диоксид од вулканските пукнатини одговара на количината јаглероден диоксид која се ослободува денес од согорувањето на фосилни горива.
„Ослободувањето на јаглерод диоксид се одигрувало, во најмала рака, подеднакво брзо како денес согорувањето на фосилни горива“, рекла таа.
Tocka.com.mk