Го злоупотребуваат името на Џамбазов: Од лажен профил се собираат донации за лажна болест (ФОТО)


Од лажен профил на име на Игор Џамбазов, непознато лице божем собира донации за болно дете. На „Фејсбук“ измамата ја откри актерката Весна Петрушевска – Бејби, која апелираше да не им се верува на ваквите пораки.igor-640x482

-Овој профил на Игор е лажен и е злоупотреба, ве молам не уплаќајте, не верувајте. Игор има официјална страница и одамна не е активен на „Фејсбук“. Мене ми стигна ова вчера во инбокс и, навистина, е згрозувачки и мизерно, да собираш пари од лажен профил, дрско да дадеш сметка и да манипулираш со болест на дете! – пишува актерката.igor.jpg2_

Повеќето останаа згрозени од измамата и бараат брзо пронаоѓање на измамникот, кој мора да се соочи со соодветните мерки, пишува Република.мк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1