Годинава крај на сообраќајниот метеж во Скопје


Советот на Град Скопје го одобри проектот на градскиот татко Коце Трајановски за целосно финансирање на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС), проект чија цел е намалување на метежот и на загадувањето во главниот град.

skopje111ЦУКС веќе е формиран како дел од јавното претпријатие „Улици и патишта“, а треба да биде ставен во функција годинава.

Станува збор за софтверско решение со кое ќе се контролира јавниот сообраќај, протокот на автомобилите и градските автобуси по сите траси, состојбите на раскрсниците и слично.

Од новиот систем се очекува значително да придонесе за намалување на патувањето низ метрополата, долгите колони, да се намали потрошувачката на бензин.

Во рамките на ЦУКС ќе бидат вмрежени и камерите што се наоѓаат на раскрсниците, а кои се дел од проектот на полицијата за санкционирање на несовесните возачи.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1