Во скопско Радишани денеска најблиските одржаа едногодишен помен за Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Филип Славковски, трите момчиња од вкупно 5-те жртви кои лани на 12-ти април беа убиени и масакрирани кај Смилковското езеро.
Роднините се собраа на гробиштата во Радишани да го одбележат трагичниот помен за жртвите. на останатите двајца убиени црковниот помен ќе се одржи наредната недела на гробиштата во Бутел и село Црешево. за точно две недели се навршува една година од крвавиот велигденски масакр кај Смилковско езеро. Двајцата првообвинети за 5-кратното убиство Алил Демири и Африм Исмјаиловиќ се фатени на косово каде се наоѓаат во екстрадициски притвор.
Иако министерот за правда Блерим Беџети не потврдува, документите за екстрадиција се испратени во Приштина и доставени до надлежниот косовски суд кој треба да одлучи за екстрадиција на Исмаиловиќ и Демири во процесот монструм кој почна на 20-ти декември минатата година.
Kanal 5