Годишните даночни пријави се поднесуваат до 15 март


Поднесувањето на Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) се врши до 15 март, соопшти Управата за јавни приходи.

„Даночна пријава се поднесува доколку во 2017 година ако сте оствариле приходи во земјата и од странство по основ на: награди, бонуси и други надоместоци од работен однос; кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права и права од индустриска сопственост; дивиденди, учество во добивката и камати по заеми дадени на физички и правни лица; капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа, во износ поголем од 5.000 денари (по поединечна добивка); приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници; приходи од интернет (пр. е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози – дојави на типови за спортски натпревари); лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација…; и други дополнителни видови на приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија“, појаснуваат од УЈП.

Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) може да се преземете преку веб страницата ujp.gov.mk и поднесете ја во даночните шалтери, преку пошта или електронски преку etax-fl.ujp.gov.mk

„Со цел навремено прилагодување на новиот начин на пријавување, пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход препорачуваме секој граѓанин да се регистрира на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk“,соопшти УЈП.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1