Гојазноста зема повеќе жртви од неухранетоста


Fat man holding a measurement tape

Гојазноста усмртува повеќе луѓе од неухранетоста, покажало едно истражување за здравствената состојба во светот спроведено во 187 земји и објавено во британското списание за здравје „Лансет“.

На ниво на цела планета гојазноста, како што покажало ова истражување, зема три пати повеќе жртви од недоволната исхранетост.

Во земјите од северната хемисфера, гојазноста во 2010 година предизвикала смрт кај 3,4 милиони лица, а неухранетоста помалку од еден милион, пренесуваат француските медиуми.

За 20 години, како што истакнуваат експертите, планетава преминала од место во кое луѓето страдале од недоволна исхранетост, во место каде луѓето патат од болести предизвикани од мрсна и калорична исхрана.

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1