Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го понесе признанието за најдобар спортист во изминатата 2018година, на свеченоста одржана во Монако. Ѓоковиќ кој во 2018 година направи неверојатен кам-бек на терените освојувајќи два Гренд слем турнири, по четврти пат го добива ова признание, по 2012, 2015 и 2016 година, со што се израмни со легендарниот спринтер Усеин Болд кој исто така четири пати го освојуваше ова признание.
Кај дамите, признанието и припадна на американската гимнастичарка Симон Бејлс, која на СП се закити со 4 златни и по еден сребрен и бронзен медал.
Меѓу наградените беа и фудбалската репрезентација на Франција која триумфираше на Мундијалот во Русија, како францускиот фудбалски стручњак Арсен венгер, тенисерката Наоми Осака и легендарната американска скијачка Линдси Вон која неодамна стави крај на својата кариера.