Јапонката Томока Сумитани која боледува од рак на крвта, изјавила дека последна желба и е да добие дрес од Новак Ѓоковиќ.
Најдобриот српски тенисер во светот не губел време и воедно и ја исполнил желбата на 19-годишната девојка.
Како што јавија српските медиуми, нивната амбасада во Токио стапила во контакт со соработниците на тенисерот, ги запознале со случајот, а Ѓоковиќ веднаш одвоил дрес и го потпишал. Според информациите, дресот директно ќе пристигне преку брза пошта до Јапонката.
Јапонката во цунамито во 2011-та година останала без родителите и нејзиното момче, а од тогаш за неа се грижи нејзиниот вујко.
Таа боледува од рак на крвта, односно панцитопенија, неизлечива имунолошка болест од која бројот на белите и црвени крвни зрнца драстично опаѓа и смртта настапува најчесто како последица на внатрешно крварење.