Голем пожар во деловен центар во Истанбул


Голем пожар избувна попладнево во деловен центар во истанбулската населба Мертер, објави телевизијата Хабертурк.133308365-72013

Според истиот извор, од комплексот се кревал густ црн чад, кој бил видлив од повеќе делови на Истанбул.

Сите присутни во бизнис-центарот биле евакуирани веднаш по избувнувањето на пожарот, кој противпожарните екипи успеале да го изгаснат за кусо време.

Нема информации за жртви, а засега е непознато ниту колкава материјална штета предизвикал огнот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1