Голем пожар во Преспа, гори и националниот парк Галичица


Голем пожар го зафати Преспанскиот регион, во делот кај туристичките населби Отешево и Сирхан, како и дел од Националниот парк Галичица.

Досега пожарот зафати околу 300 хектари шума, а пожарникарите и вработени од Националниот парк се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот и да ја заштитат викенд населбата кај Сирхан.

„Цела Преспа е во пламен. Гореше кај Отешево, Сирхан, прво трската околу езерото, а потоа ветерот го префрли огнот преку асфалтираниот пат и ја зафати шумата. Се движи кон Националниот парк Галичица. Немаме струја, се запали и далековод“, раскажува сопственик на вила во Сирхан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1