Во центарот на Белград утрово околу 11.10 часот изби пожар кој го зафатил поткровјето на станбена зграда во улица „Косовска“.
Цел покрив на зградата се урива, а пожарникарите го гасат огнот кој се проширил и на соседниот покрив
Како што пишува српски „Курир“ во пожарот се зафатени околу 300 метри квадратни на последниот 4-ти кат, а на терен излегле 27 пожарникари и 8 пожарникарски возила.
За среќа во пожарот нема повредени, а само една жена била превезена во Ургентниот центар поради вдишување чад.