Голема операција на Интерпол, уапсени 393 лица


Голема операција против трговија со фалсификувани лекови заврши со апсење на 393 лица и конфискување на милиони опасни продукти, соопшти денеска Интерпол.INTERPOL

Фалсификувани лекови за лекување на рак, тестови за откривање на СИДА, лекови за дијабетес, стоматолошки материјали и незаконска хируршка опрема биле откриени во текот на операцијата, која е деветта по ред, а во која учествувале полицајци од 193 земји. Акцијата е спроведена од 30 мај до 7 јуни под името „Пангеа“.

Запленети се околу 12,2 милиона фалсификувани материјали и затворени се 4.932 интернет страници, кои ги рекламирале овие производи. Започнати се 700 истраги ширум светот.

Во текот на осмата операција извршена минатата година беа конфискувани 20 милиони лекови во вкупна вредност од 81 милион долари и уапсени 156 лица ширум светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1