Голема полициска акција во кумановско, уапсени 36 лица


Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Куманово во кординација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Оддел за гранични работи и миграции во текот на 23/24.09.2016 година по издадена наредба од Основниот суд во Куманово е извршен претрес во куќа во сопственост на Ќ.А. (46) од Скопје, по што утврдено е дека во помошната просторија која се водела како „штала“ биле пронајдени 35 мигранти.policija akcija 22

За време на претресот во домот бил затекнат само синот Р.А. (18), кој е лишен од слобода, а по неговиот татко за кој постои основно сомнение за сторено кривично дело по член (418 Б ст 4 „криумчарење мигранти“ сеуште се трага. Освен мигрантите кои биле пронајдени во шталата во село Лојане пронајдени и лишени од слобода се и О.К.(25) и М.Д.(40) од Авганистан, С.С.(33), Н.А.(18), А.А.(19) и А.М.(20) сите од Пакистан. За кои постојат сомненија дека противправно ја држеле Л.М. од Сирија со нејзините четири малолетни деца и Х.У. исто така од Сирија со неговите две малолетни деца.

Против синот и таткото ќе биде поднесена кривична пријава од Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал. Исто така приведени се и сите странски државјани и против нив исто така ќе биде поднесена кривична пријава од Јавното Обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1