Голема тепачка во автобус на ЈСП: Ги извадиле ремените од фармерките и почнале да маваат


Уште една голема тепачка се случила во автобусот со број 64, кој се движел на релација Железничка станица-Никиштане, во кој биле нападнати и повредени три лица.jsp

 

Станува збор за тројца жители на Волково, на возраст од 15 до 19 години, кои седеле на горниот кат на автобусот и кои одеднаш биле нападнати од десетина жители на село Никиштане.

Големата група напаѓачи, најпрво се обиделе да ги симнат противниците на долниот кат, но откако не успеале во првичната намера, ги извадиле ремените од своите фармерки и со железниот дел почнале да ги маваат. Од целата ситуација, едниот малолетник се здобил со повреди на главата, па веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, а другите двајца поминале со полесни повреди, па минале само со инфузии.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1