Крвав инцидент во Тетово се случил во дворот на тетовската гимназија „7 Март“ кога двајца 19 годишни лица од Тетово се здобиле со повреди. Полицијата информира дека во тепачката учествувале седум лица, двајца 19 годишници и петмина 18 годишници, сите од Тетово.
По вербалната расправија меѓу двете групи, дошло до тепачка по што едно 19 годишно лице се здобило се две убодни рани во пределот на грбот најверојатно од нож, а неговиот врсник со сериозна повреда на раката од удар. Еден од нив бил задржан за понатамошно лекување.
Петмината 18 годишници заедно со нивните родители биле повикани на разговор во тетовската полиција, а службени разговори биле извршени и со двајцата повредени. Во зависност од видот на повредите од полицијата најавија дека ќе поднесат и соодветна пријава против учесниците во тепачката.