Пет лица се повредени за време на тепачка со ножеви, која се случила на аеродромот во Истанбул меѓу вработените и две ривалски автопревознички компании, кои една со друга се обивиниле за кражба на патник.
Во тепачката учествувале над 40 лица.
Аеродромската полиција интервенирала за да ги радвои двете срани, а најмалку пет лица се здобиле со тешки повреди од нож.
Неколку лица се уапсени, а полицијата започнала истрага за решавање на случајот.