Тројца млади популарни влогери кои на Јутјуб поставуваа снимки од своите авантури загинаа, откако паднаа од водопад во Канада.
Рикер Гембл, Алексеј Лијак и Меган Скрапер беа дел од каналот „High on Life” на Јутјуб каде ги закачуваа своите херојски подвизи, пренесе Би-Би-Си.
-Тие беа најтоплите, најљубезните и најотворените луѓе кои можевте да ги запознаете, велат од влогерската група.
Полицијата соопшти дека тројцата пливале на врвот од водопадот Шенон, во канадската покраина Британска Колумбија кога се лизнале и паднале од висина од 30 метри.
Групата има 1,1 милион следбеници на Инстаграм и над 500 илјади претплатници на Јутјуб.
Членовите на каналот снимија видео во кое оддадоа почит на починатите пријатели.