Десетици хакери од повеќе градови низ Македонија се уапсени во голема полициска акција, пишува Press24.
Според информациите, станува збор за добро организирана група која креирала лажни веб-страни кои биле идентични со оригиналните и преку т.н. фишинг, крадела лични податоци од граѓаните. Групата работела подолг период и според извори од истрагата станува збор за добро подготвени луѓе кои речиси перфектно ја работеле својата работа.
Измамените луѓе, мислејќи дека купуваат производи од вистинските сајтови им ги давале своите броеви од кредитните картички, а групата, потоа со нив, извлекувала пари на најразлични начини. Иако се уште трае истрагата, според првичните и се уште неофицијални информации, сомненијата се дека криминалот тежел стотици илјади евра.
Од МВР официјално потврдуваат за Прес 24 дека имале акција за апсење на лица осомничени за компјутерски криминал но не откриваат повеќе детали.