Големо невреме во Србија – издадена црвена тревога


Србија во вторник вечер беше зафатена од големо невреме со олуен ветер, врнежи и грмотевици, а во некои делови на земјата и натаму е црвениот аларм, највисок степен на предупредување за екстремни временски непогоди.

poplaveniulici-(3)Поројниот дожд проследен со ветер ги зафати западните делови на Србија, па во Лозница се излеа реката Стира и поплави дел од градот. Се појавија свлечишта во Мал Зворник, а без струја останаа одделни делови на Ужице, Ваљево, Крушевац и Врњечка Бања.

Заради невремето во прекин се и неколку локални патишта во источниот дел на Србија.

Државниот хидрометеоролошки завод на Србија со црвен аларм се предупредува дека во централниот и западниот дел на земјата се можни екстремни временски непогоди.

За време на катастрофалните поплави во Србија во средината на мај во Србија настрадаа 54 луѓе, а материјалната штета е проценета над 1,5 милијарди евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1