Во голема полициска акција во Гостивар уапсени се повеќе лица меѓу кои и полициски службеници.
Според неофицијалните и се уште непотврдени информации за Сител, во Гостивар се приведени двајца полицајци, од кои едниот е поранешен шеф на полицијата во оовј град.
Тие се осомничени за поврзаност со акцијата Чекан.
Од МВР за Сител потврдуваат дека спровеле акција и дека се приведени двајца полициски службеници но не откриваат детали.
Полицијата уште при првичната акција најави дека детално ќе се чешла работата на институциите.
Во полициска акција „Чекан“приведени се повеќе лица,кои се товарат за „злосторничко здружување“, „изнуда“, „лихварство“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, која дејствувала на подрачјето на западна Македонија.
Меѓу нив, покрај полицајци, приведени се и нотар и извршител.