Околу 60 отсто од планетата Земја нема интернет, а дури на некои места каде интернетот е достапен, тој може да биде недоволно добар. Тоа значи дека брзиот и лесен пристап до информации не е возможен за поголемиот дел од популацијата.
Тоа е голем проблем, особено за луѓето кои пробуваат да го истражат светот. Поради тоа Google Maps презеде чекори за да им овозможи на луѓето ширум светот да ги пронајдат своите насоки и да стигнат кадешто планираат иако немаат интернет конекција.
Имено, сега можете да симнете делови од светот на вашиот телефон и во моментот кога ќе останете без конекција, без разлика дали се наоѓате во гаража или на пат, Google Maps ќе продолжи да работи без проблем.
Претходно можевте многу едноставно да видите каде се наоѓате и без интернет, но сега ќе ги имате и редовните инструкции, како што се насоките, бројот на часови колку што ви останале за да стигнете до местото, контакт информациите или оцените за местото каде одите.
Оваа опција веќе е возможна за Android корисниците, а наскоро ќе биде достапна и за iOS уредите.