Гугл компанијата преку своите наочари ги прима сите податоци за оние корисници кои ги поседуваат истите, го анализираат секој испратен е-мејл, секоја направена фотографија на куќите и двориштата без дозвола на газдите, а минатата недела од компанијата признаа дека ги крадат лозинките како и медицинските и финансиски податоци, од незаштитените мрежи како Wi-Fi. И од сега па натаму, ќе биде во можност да види се што корисниците го гледаат во секој можен момент.
Една важна информација, која некако е изоставена е дека очилата немаат меморија за да забележат дека сите податоци одат директно во Гугл центарот за собирање на податоци.
Можеби сега тоа и не е важно, но за 10 години кога ќе одите на интервју за работа, компанијата ќе биде во можност лесно да дознае дали некогаш претходно сте зборувале негативно за неа.
На интернет веќе е лансирана страницата „Спречете ги киборзите“ кои повикуваат на бојкот на Gugl очилата. Страната на авторите е последната шајка која што ќе биде закована во ковчегот на човековата приватност.
Авторите понатму објаснуваат дека луѓето во одлучувањето и дружењето со други луѓе, постепено ќе престанат да се однесуваат како единки и ќе се претворат во обични сензори на глобалната мрежа.
Желбата на авторите на страницата, кое се анонимни, е да спречат „алгоритамска иднина“, предупредувајќи дека во таков свет, приватноста ќе биде невозможна и ќе има целосна корпорациска контрола.
А некои веќе ги забранија Гугл наочарите и пред почетокот на нивната масовна продажба и употреба. Сопственикот на барот „5 Point“ од Сиетл забранил носење на очила во својот бар со објаснување дека неговите гости не се тип на луѓе кои сакаат некои тајно да ги снима и тие снимки автоматски да ги постави на интернет.
Тие не се единствените кои сметаат дека Гугл станал копроративна верзија на Орвеловиот Голем брат, кој се гледа и се слуша и од кој не може ништо да се сокрие, без оглед, дали ние тоа го сакаме или не.